
Преговорите започнале: Алегри наскоро се враќа на клупата?
Веќе одредено време во медиумите се пишува дека Сержо Консеисао може набрзо да заработи отказ, а наводно претставници на Милан веќе имале телефонски разговор со Алегри.
Исто така, медиумите во Италија пренесуваат дека Алегри се сретнал со Фабио Партичи кој е еден од кандидатите за нов спортски директор на Милан.
Консеисао веројатно заминува на крајот од сезоната, но можеби и порано доколку раководството процени дека потребно е побрзо да се случи промена.
Ќе потсетиме, Алегри во 2014 година веќе успеа да освои Скудето со Милан.