
Манев: Изгубивме блиски пријатели, ќе играме за нив
Како роден во Кочани, Манев е меѓу најпогодените во националниот тим од трагедијата што се случи во неделата. Едвај воздржувајќи ги солзите, тој посака добри резултати на првите два меча кои би ги посветил на своите трагично загинати сограѓани, како и на сите оние кои ги загубија животите во оваа несреќа.
„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас. Сите изгубивме блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме, да бидеме овде и да се бориме за нашата земја и нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат секогаш и нема никогаш да бидат заборавени. Ќе играме за сите нив, во нивна чест. Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност и да постигнеме добар резултат“, рече Манев.
Тој се пресели во Риека од турскиот клуб Адана, минатиот месец и досега забележа три настапи во хрватското првенство. За Македонија има одиграни натпревари, со еден постигнат гол, против Малта во 2023 година.