
У17 репрезентацијата на Македонија со реми ги почна квалификациите за ЕП
Турнирот се одржува во Шкотска, а на стартот, нашите млади фудбалери се сретнаа со домаќинот и одиграа нерешено (2-2). Маркоски го отвори резултатот во 40. минута, Бохд и Хогарт се погрижија за пресврт и водство на Шкотите, но Жаку на седум минути пред крајот се погрижи за бод за македонската репрезентација.
Во вториот меч од нашата група, Романија го совлада Лихтенштајн со 10-0, а во второто коло, в сабота, Македонија ќе се сретне со поразениот тим од овој натпревар.