
Аргентина остана без уште една ѕвезда за дуелите со Бразил и Уругвај
„Гаучосите“ ќе бидат и без фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез на дуелите против Бразил и Уругвај, откако почувствувал болка во мускулите на денешниот тренинг.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Мартинез го напуштил кампот на Аргентина и ќе се врати во Милано, каде што ќе продолжи со медицински третмани.