Дончиќ праша ѕвезда на Баерн дали ќе потпише со Реал Мадрид (ВИДЕО)

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ имаше средба со фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, при што двајцата разменија дресови.

Дончиќ му постави интересно прашање на Дејвис, кој долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

„Доаѓаш во Реал? Ќе ти го дадам овој дрес ако дојдеш“, кажа Дончиќ, по што Дејвис посочи дека нема да се случи такво нешто.