Ѓорческа се пласира во осминафинале на турнир во Марибор

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Петра Марчинко со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 за да се пласира во осминафинале на турнирот во Марибор.

Ѓорческа го отвори мечот со два брејка и поведе со 3-0, но набрзо Марчинко возврати на идентичен начин и израмни на 3-3. Македонката, сепак, во следниот гем направи нов брејк и потоа сервираше успешно за 6-4.

Вториот сет беше решен уште на стартот, кгоа Ѓорческа направи брејк за предност од 1-0, по што мораше да се брани со сите сили во следниот гем од нападите на Марчинко. Откако успешно го надмина тоа, Македонката сервираше до крајот без проблеми за 6-4.

Ѓорческа во следното коло ќе игра против четвртата носителка на турнирот, Џесика Понче.