
Мората: Не го послушав татко ми, згрешив што заминав од Атлетико!
Мората одигра 16 натпревари за „росонерите“ и постигна пет голови, по што во јануари беше испратен на позајмица во Галатасрај.
Искусниот напаѓач кажа дека решил да го напушти Атлетико затоа што добивал голем број повици од поранешниот стратег на Милан, Пауло Фонсека.
„Фонсека ме бараше постојано. Не требаше да го напуштам Атлетико, но не се чувствував добро, а тогаш носите погрешни одлуки. Татко ми и мојот агент ми кажаа дека грешам, но не ги послушав. Да можам да го вратам времето, никогаш не би заминал од Атлетико“, кажа Мората.