
Синот на Џиџи Буфон ќе заигра за - Чешка
Иако е роден во Торино, Луи има двојно државјанство, на Италија и Чешка бидејќи татко му е Џиџи, а мајка му е телевизиската водителка и манекенка Алена Середова. Многумина се надеваа дека ќе ја продолжи лозата во италијанската репрезентација, но тој се одлучи да ја претставува Чешка за која првпат доби повик во репрезентацијата до 18 години.
„Мајка ми е многу среќна, но и татко ми е задоволен откако првпат добив можност да заиграм на репрезентативно ниво. Се уште не зборувам добро чешки јазик, но веднаш штом разбрав дека имам покана за настап, почнав да го учам. Роден сум и израсната во Италија, ама сум 100% професионалец и ќе ја вршам работата најдобро што можам“, изјави помладиот Буфон.
Со фудбал тој почнал да се занимава во Фиат од Торино, потоа се преселил во Јувентус, а од пред две години е член на Пиза за која дебитираше во Серија Б на 9 март. За разлика од татко му, игра во поле и тоа на позицијата лево крило.