Шкупи го откажа денешниот тренинг, фудбалерите се скршени од болка (ФОТО)

Фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров беше една од жртвите во трагедијата во Кочани, а неговиот клуб денеска требаше да ги продолжи тренинзите и подготовките за продолжение од сезоната.

Сепак, иако фудбалерите се појавиле на тренингот истиот не се одржал и бил откажан на нивно барање.

Чаирчани објавија и фотографии од соблекувалната на која може да се види болката кај членовите на тимот поради загубата на нивниот соиграч.