Закажано дербито Пелистер-Вардар, нема да е во вечерен термин!

Колото по репрезентативната пауза за квалификациите во Светското првенство го носи и дербито помеѓу Пелистер и Вардар во Битола.

Пелистер и Варар ќе се сретнат на стадионот „Петар Милошевски“ во рамките од 25.  коло, а иако постоеа најави дека натпреварот ќе се игра во вечерен термин, сепак тоа нема да биде случај.

Натпреварот е закажан за 29 март (сабота) во терминот од 15:00 часот.

На претходното дерби кое се играше во Битола, Пелистер славеше минимална победа со голот на Мирко Ивановски.