Њукасл ги поместува границите: Ќе влезе во битка со гигантите!

Eкипата на Њукасл ќе има сериозни проблеми во свите редови да го задржи напаѓачот Александар Исак.

Швеѓанецот пристигна во клубот од Реал Сосиедад во 2022 година за сума од 63 милиони евра, а оваа сезона е најдобар фудбалер на тимот со постигнати 23 гола во сите натпреварувања.

Арсенал, Ливерпул и Барселона се сериозно заинтересирани за неговите услуги и јасно е дека Њукасл нема да може да му ја понуди понуди платата која се спремни да му ја дадат овие гиганти.

Исак во Њукасл во заработува 120.000 фунти неделно, а неговото зголемување на платата би можело да донесе проблеми со останатите фудбалери.

Њукасл сепак ќе се обиде со 200.000 фунти неделно да го убеди да потпише нов договор, посебен мотив за Исак може да биде играњето во Лигата на шампионите со овој клуб, ако Њукасл успее да избори пласман што не е толку далеку.

Има Њукасл свои адути, но ќе видиме како се ќе се заврши и дали ќе успее да го задржи.