
Вердер не го покани Озил на ревијален натпревар: Во последните две години ептен забега!
Тој играше за Вердер од 2006 до2009 година и за тој период запиша 132 настапи со 54 гола и 42 асистенции, а беше член уште на Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид, Фенербахче и Фламенго каде ја заврши кариерата. На листата на гости и учесници на тој спектакл има многу познати фудбалери на Вердер, но не и Месут Озил кој од 2008 до 2010 година го носеше зелено-белиот дрес.
Клубот, во договор со Диего, одлучил да не го покани поранешниот германски репрезентативец со турско потекло поради неговите активности последните две години.
„Месут не е на списокот на поканети бидејќи последните две години некако забега, односно тргна по лош пат кој не одговара на вредностите на Вердер“ објасни гласноговорникот на клубот од Бремен.
Оттаму му забележуваат на Озил за блискоста со екстремистичката турска организација „Сиви волци“ чие лого го истетовира на градите во 2023 година. Ова движење има се повеќе приврзаници и во Германија каде живеат десетина милиони Турци.