Алонсо доаѓа во Реал, со себе носи и поранешен играч на Барселона

Се погласни се шпекулациите дека Чаби Алонсо од идната сезона ќе биде тренер на Реал, но тој планира да направи и мала реконструкција на екипата. 

Шпански медиуми тврдат дека во неговите планови не се вклопуваат Орелиен Чуамени и Ферлан Менди кои најверојатно ќе бидат ослободени и нивните договори раскинати. Од друга страна, Алонсо сака со себе да ги донесе фудбалерите на Баер, Флоријан Вирц и Алехандро Грималдо кои одлично играат за бундеслигашот.

Интересна е ситуацијата со Грималдо кој е „дете“ на Ла Масија, но никогаш не доби шанса во првиот тим на Барселона. Играше за Б-екипата во Сегунда, но на 21-годишна возраст беше пуштен во Бенфика и таму помина седум сезони пред да се пресели во Баер.

Покрај Грималдо и Вирц, Реал најверојатно ќе се засили со Трент Александер Арнолд од Ливерпул за кого одамна има информации дека потпишал преддоговор со европскиот првак.