
Двајца тинејџери на „радарот“ на Реал Мадрид
Како најголеми желби се споменуваат Вилијам Салиба од Арсенал, Ибрахим Конате од Ливерпул и Кастело Лукеба од Лајпциг, но во клубот се свесни дека сите тројца не се лесни мети, па имаат и резервни опции.
Како фудбалер до кој полесно може да стигнат се истакнува Дин Хујсен кој игра за Бурмут. Станува збор за 19-годишен фудбалер кој е навивач на Реал Мадрид и во својот договор со премиерлигашот има клазула од 60 милиони евра, додека според „Трансфермаркт“ вреди 42 милиони евра.
Кариерата ја започна во Јувентус од каде што беше позајмен во Рома, а во Премиер лигата е од оваа сезона, неговиот договор со Бормут е со важност до летото 2030 година.
На „радарот“ на „кралевите“ е и неговиот врсник Жорел Хато кој е холандски репрезентативец и фудбналер на Ајакс. Во прашање е играч кој може да се користи и како лев бек. Неговата вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на 30 милиони евра и има договор до 2028 година.