
Во Славен Белупо воодушевени од Несторовски: Остани ни таков до крај на сезоната! (ФОТО)
Важноста на Несторовски за тимот Славен Белупо, ја истакна и преку социјалните мрежи.
„Илија Несторовски во Велика Горица го даде петтиот гол и впиша втора асистенција во првенството, а ако на тоа го додадеме и голот од купот, тогаш е на бројката од шест голови во 17 натпревари за Славен Белупо.
Беше играч на натпреварот, најдобро оценет (8,7) напаѓач на минатото коло во Хрватската лига, заврши во тимот на колото, а покрај голот и асистенцијата имаше и 76 отсто точни додавања, 52 допири со топката, беше во 21 дуел, претрпе два прекршоци, пресече две топки, елииминираше две опасности. А има само 35 години!
Браво Илија, мајсторе! Остани ни таков и во последните 10 кола, односно завршницата на купот“, стои во објавата на клупските социјални мрежи.
Славен Белупо по 26 кола во првенството на Хрватска се наоѓа на петтата позиција на табелата со 35 освоени бодови.