
Екс-фудбалерот на Атлетико има почеток на тренерската кариера како од соништата!
Бразилецот се повлече во јануари 2024 година, а веднаш потоа започна да работи како тренер во младинските селекции на Фламенго за во септември да добие шанса и на клупата на првиот тим.
И во само шест месеци Луис успеа да освои дури три трофеи со овој клуб. Фламенго со него на клупата стигна до трофеите во Купот и Суперкупот на Бразил, како и трофејот во шампионатот „Кариоки“.
Remember Filipe Luís? He is currently the coach of Flamengo and has just won his 𝐓𝐇𝐈𝐑𝐃 𝐓𝐑𝐎𝐏𝐇𝐘 in just six months 🏆🏆🏆
— 433 (@433) March 18, 2025
Flamengo are also on a 𝟐𝟒-𝐠𝐚𝐦𝐞 𝐮𝐧𝐛𝐞𝐚𝐭𝐞𝐧 𝐬𝐭𝐫𝐞𝐚𝐤 under him 🤯🇧🇷 pic.twitter.com/VZGNQsncDt
Резултатите на поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид се и тоа како импресивни и на 26 натпревари има само еден пораз, а исто така на 17 неговиот тим не прими гол.
Новата сезона во бразилското првенство започнува кон крајот на март и нема дилеми дека Луис ќе се обиде да стигне до титулата.