
Ганчев: Кога слушнав дека одржале минута молк за мене, си наточив чаша ракија!
Пред натпреварот кој се играше за викендот некако до клубот пристигнала информација дека починал нивниот поранешен фудбалер, па тие одржаа минута молк.
Сега во јавноста за целата ситуација се огласи и самиот Ганчев.
„Доцнев дома на договореното гледање на натпреварот околу десетина минути. Додека возев кон дома, телефонот одедна почна да ми ѕвони и ѕвони. Кога пристигнав дома сопругата ме дочека во солзи викаше - Петко, Петко...на телевизија објавија дека си починал. Не можев да разберам за што се работи. Подоцна пријателите ми раскажаа. Навистина е стресно кога ќе ве погребаат жив“, објасни Ганчев.
Клубот Арда уште во текот на натпреварот се огласи и се извини за неверојатната грешка.
„Се случуваат чудни работи, навистина не беше лесно. Можеби се појавиле гласини, но таква вест да објавиш пред целата бугарска јавност...Ме бараа многу луѓе, пријатели, роднини, познаници...Не беше пријатно, но на крај испадна добра. Кога ја слушнав таа тажна вест си наточив и чаша ракија“, додаде Ганчев.