Дориев постигна два гола и доби место во тимот на колото (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Љупче Дориев постигна два гола во поразот на Согдиана од Навбахор со 2-3, по што беше избран во тимот на колото.

Дориев беше стрелец на првиот гол на Согдиана во 14. минута, додека вториот погодок го постигна во 76. минута од натпреварот.

Согдиана по две одиграни средби се наоѓа на 13. место со два порази.