
Интер ја победи Аталанта во Бергамо и направи голем чекор кон Скудетото (ВИДЕО)
По денешните натпревари во Серија А, Интер ја зголеми предноста на врвот на табелата.
Резултатот беше отворен по девет минути игра во второто полувреме кога Карлос Аугусто даде гол за водство на Интер од 1-0.
Во 81. минута проблемите за Аталанта се зголемија поради еден глупав потег на Едерсон. Домашниот фудбалер најпрво доби жолт картон, а за таа одлука му ракоплескаше на судијата во лице, па доби уште еден жолт и беше исклучен од игра.
Тоа го искористи Интер, преку Лаутаро Мартинез даде гол во 87. минута за конечна победа од 2-0.
Веднаш потоа Гасперини беше пратен на трибините, тренерот на Аталанта доби црвен картон. А во 95. минута Бастони поради втор жолт излезе од игра, силите беа израмнети во последните неколку минути од продолжението кое траеше вкупно 12 минути, но резултатот остана ист.
По 29 одиграни натпревари Интер е прв со 64 бода, Наполи има 61, а Аталанта 58.