Пелистер ја има најверната публика во Лигата на шампионите! (ФОТО)

Eкипата на Пелистер зад себе ја има својата најдобра сезона во Лигата на шампионите во која освои осум бода, но сепак тие не беа доволни за битолскиот состав да избори пласман во наредната фаза.

Пелистер имаше учинок од три победи и две нерешени средби во 14 натпревари, а во секој натпревар на домашен терен ракометарите имаа огромна поддршка.

Доказ дека публиката во Битола е една од најдобрите во Европа е и последниот податок кој го објави ЕХФ.

Имено, салата во Битола во просек на европските натпреварувања била исполнета 99.3% што секако е за респект.