
Масар Омерагиќ едногласно е избран за претседател на ФФМ
Омерагиќ кој во декември минатата година на вонредното собрание на ФФМ беше избран за привремен претседател, сега доби четиригодишен мандат.
На денешното редовно собрание, тој беше единствениот кандидат за претседател на ФФМ.
На собранието беа присутни 65 од вкупно 66 делегати од оштинските сојузи, сите едногласно гласаа за Масар Омерагиќ да ја задржи фунцкијата и да добие четиригодишен мандат.