Навивачи на Саутемптон и Тотнем добија затворски казни

Насилниците кои учествуваа во тепачката по мечот меѓу Саутемптон и Тотнем во 2023 година конечно ги дознаа своите казни. Вкупно 22 мажи беа осудени на 28 години затвор, а им беа изречени и забрани за влез на стадионите во Англија во вкупно траење од 142 години.

Сите осомничени признале вина уште на првото сослушување кое се одржало во 2024 година, а исто така тие се во затвор од 6 март оваа година.

На почетокот на минатата година беше приведен и малолетник кој учествувал во тепачката, а доби условна затворска казна од една година, но и 120 часа општокорисна работа.