Англиски боксер пронајден мртов во река (ФОТО)

Младиот боксер Џек Ерис бил пронајден мртов во река, откако последен пат бил забележан на 3 март околу 2.30 часот.

Телото на Ерис било пронајдено 12 часа по неговото исчезнување, а обдукцијата покажала дека се удавил во реката.

Полицијата отвори истрага за смртта на младиот боксер и треба да ги прегледа снимките од ноќта кога исчезнал боксерот.

„Сакаме да направиме сè што може за да откриеме на семејството што се случувало со нивниот син по исчезнувањето“, соопшти полицијата.