Голманот на Хофенхајм му подари три бода на Сент Паули (ВИДЕО)

Сент Паули славеше со 1-0 против Хофенхајм во 26. коло од Бундеслигата, а најголемата грешка ја направи голманот на гостинскиот тим, Ноа Вајсхаупт.

Чуварот на мрежата во 51. минута направи голема грешка, која Сент Паули ја искористи преку Треј за да триумфира со 1-0.

Хофенхајм се наоѓа на 13. позиција со 26 бодови, додека Сент Паули е на 15. место со еден бод помалку.