Дивац испрати порака до студентите пред големиот протест во Србија

Легендарниот кошаркар Владе Дивац испрати порака до студентите пред најавениот масовен протест во Белград, Србија.

Голем број луѓе се очекуваат на протестот во Белград, меѓутоа српските медиуми и власти стравуваат дека ќе има и инциденти.

Дивац сподели две објави на социјалните мрежи и испрати поддршка до студентите.

„Гробари на 15 март ќе бидат на улиците на Белград и ќе ги штитат студентите. Во случај на напад, оставете на нас“, е пораката која ја сподели Дивац.