Роналдо го делат 72 гола од 1.000 погодоци во кариерата! (ВИДЕО)

Ал Наср триумфираше проти Ал Колод во 25. коло од саудискиот шампионат, а Кристијано Роналдо ја продолжи голгетерската серија и стигна до 928 голови во кариерата.

Роналдо по само четири минути го матираше голманот на гостинската екипа, а до крајот на првото полувреме погодија и Садио Мане и Џон Дуран.

Единствениот гол за гостите падна во 72. минута, кога Лајами си постигна автогол и го потврди конечниот резултат (3-1).

Ал Наср се наоѓа на четвртата позиција со 51 бод, додека Роналдо е лидер во шампионатот по број на погодоци, односно има 19 гола и три асистенции оваа сезона.