Горица на колена пред Несторовски: Гол и асистенција за Македонецот (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски имаше одличен настап во победата на Славен Белупо од 3-0 против Горица во 26. коло од хрватскиот шампионат.

Славен Белупо до водство стигна во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме, кога Несторовски испрати одличен центар-шут, а Божиќ погоди за 1-0. Најбрзо во листата на стрелци се запиша и Шуто со што гостите заминаа на паузата со предност од 2-0.

Несторовски бееш стрелец на третиот погодок за гостинската екипа, откако во 81. минута го пронајде патот до мрежата на Баниќ за конечни 3-0.

Славен Белупо со оваа победа скокна до четвртото место во лигата, додека Несторовски досега има постигнато пет голови и две асистенции.