
Јончевски: Најважно е во каков состав ќе биде Македонија во претквалификациите
Македонија ги доби Унгарија и Романија за ривали што според предводникот на националниот тим е и добро и не е. Тој, сепак, смета дека најважно во случајот ќе биде со каков состав ќе биде нашата репрезентација, односно дали ќе биде комплетни.
„Можеби ја добивме Унгарија како најпосакувана од првиот шешир, но секако Романија во моментов е најквалитетна од третиот. Првенствата на овие земји се многу поквалитетни од нашата и нивните кошаркари имаат многу посилни натпревари. Во Романија и Унгарија многу се вложува во кошарката и според мене, тие не се воопшто наивни. Секако, многу ќе влијае тоа со каков состав би настапиле ние во претквалификациите, знаејќи дека какви било отсуство на некој од носителите на играта во нашата репрезентација може да биде клучно за финалниот исход“, рече Јончевски.
Претквалификациите се играат од 2 до 20 август, по двокружен систем, а пласман во следната фаза обезбедуваат двете најдобропласирани од секоја група.