Оксер во 94. минута ѝ ја „украде“ победата на Ница

Фудбалерите на Ница ремизираа против Оксер (1-1) во 26. коло од француската Лига 1, иако имаа водство до самата завршница.

Единствениот гол за Ница го постигна Еван Гесан во 37. минута од натпреварот, а проблемите за домаќините почнаа во завршницата од мечот кога Бард беше исклучен поради опасен старт.

Оксер ја искористи предноста од фудбалер повеќе на теренот и притисна со сите сили во финишот, по што во четвртата минута од судиското надополнување Аје погоди за 1-1.

Ница е на третата позиција со 47 поени, додека Оксер е на 11. место со 32 бодови.