„Л'Екип“ направи анкета: Французин е фаворит за „Златната топка“

Францускиот магазин „Л’Екип“ објави анкета за тоа кој може да ја освои „Златната топка“ оваа сезона, а најголем дел од навивачите го посочиле Осман Дембеле од ПСЖ како главен фаворит.

Дембеле добил дури 40,9 отсто од гласовите, по што следи Рафиња со 25 отсто, а на третата позиција е Ламин Јамал од Барселона со 8,8 проценти.

Само осум проценти од читателите на медиумот гласале за Килијан Мбапе од Реал Мадрид, додека за Мохамед Салах од Ливерпул гласале 7,4 отсто.

Францускиот репрезентативец е неверојатен оваа сезона во дресот на парижаните, односно одигра 36 натпревари, а притоа постигна 29 голови и шест асистенции.