Tрката може да започне: Спортинг ја одреди цената за Ѓокереш

Раководството на Спортинг ја одреди цената за трансфер на најдобриот напаѓач на овој тим, Виктор Ѓоќереш.

Швеѓанецот е мета на најголемите европски гиганти и се очекува да ја промени средината во летниот преоден рок.

Според последните информации на медиумите Спортинг е подготвен да започне преговори само за сума од 65 милиони евра, но таа е почетна цена и во зависност од интересот на гигантите би можела да биде и зголемена.

Претходно како најзаинтересирани се споменуваа ПСЖ, Арсенал и Баерн Минхен. Ќе потсетиме, Ѓокереш во Спортинг пристигна за 20 милиони евра од Ковентри, а сезонава веќе постигна 37 голови во сите натпревари.

Неговиот договор со Спортинг има важност до 2028 година.