Фудбалерите на Вардар и Шкендија денеска го играат првиот натпревар од 24. коло во ПМФЛ кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Првите 30-тина минути од натпреварот донесоа отворен фудбал со шанси и на двете страни, а двете екипи постигнаа и по еден гол.

Дополнителен шмек на дербито даваат и вардаровите навивачи кои уште една приредија фантастично шоу во кое теренот на комплексот на Федерацијата беше во боите на Вардар.