Вардар брка прва победа против Шкендија по пауза од дури – осум години!

Стартот на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) носи и големо дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија (15 часот), кои заедно досега имаат освоени 15 шампионски титули (11-4).

Натпреварот се игра на стадионот во склоп на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ и очекувањата се дека ќе биде неизвесен и до крај драматичен, без разлика што станува збор за дуел на тимови од врвот и дното на табелата. Тетовци се лидери и тоа со четири бодови предност пред Силекс, додека црвено-црните се во добра серија со три победи и две нерешени во последните пет пресметки во сите натпреварувања.

Вардарци имаат и дополнителни мотиви за триумф со оглед што последниот пораз сезонава го претрпеа токму од Шкендија (1-2) и тоа на домашен терен во меч од вториот првенствен круг, а воедно немаат првенствена победа против денешниот ривал во последните осум години. Вардар последниот триумф во средбите со Шкендија во склоп на ПМФЛ го оствари во октомври веќе далечната 2017 година.

ПМФЛ - 24. коло

ДЕНЕСКА (15 часот)

Вардар - Шкендија

УТРЕ (15 часот)

Брера - Силекс

Беса - Струга

Шкупи - Пелистер

Тиквеш - Гостивар

Воска - Работнички

ТАБЕЛА: Шкендија 49, Силекс 45, Гостивар 44, Работнички 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 21, Брера 21, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 18.