Меси и Суарез го лансираа Интер Мајами во четвртфиналето (ВИДЕО)

Лионел Меси конечно заигра за Интер Мајами и се запиша во листата на стрелците на дуелот со Кавалир од Јамајка, во КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

Тимот од Флорида славеше со 2-0 и со вкупно 4-0 обезбеди пласман во четвртфиналето од ова натпреварување каде ќе се сретне со својот ривал од МЛС, Лос Анџелес ФЦ. Покрај Меси, кој стави точка на мечот во судиското продолжение од второто полувреме, гол постигна и Луис Суарез кој погоди во 37. минута од пенал. Аргентинецот влезе во игра во 53. минута, токму на местото на Суарез.

Во четвртфиналето од КОНКАКАФ Лигата на шампионите има четири екипи од МЛС и четири од Мексико кои ќе се борат за трофејот.