Вардар и Шкендија одиграа одлично дерби и ги поделија бодовите (ФОТО)
Дербито донесе интересен фудбал со прилики на двете страни и одлична атмосфера која ја правеа вардаровите навивачите.
Посебно интересно беше во првите 45 минути кога ги видовме и двата погодоци. Вардар тргна подобро и создаде неколку прилики, но Шкендија го отвори резултатот. Убав погодок со удар од далечина во 21. минута постигна Решат Рамадани.
Сепак, тоа не го наруши планот на Вардар кој брзо возврати. Само четири минути подоцна засилувањето од Тиквеш, Спахиу стрелаше за 1-1.
Продолжи Вардар да биде по конкретен, меѓутоа и Шкендија знаеше да нападне, но на крајот резултатот не се промени.
Второто полувреме донесе помирна игра и со помалку возбудувања.
На табелата со овој бод Вардар дојде до 22 на осмата позиција додека Шкендија е лидер со 50, пет повеќе од Силекс кој ќе има прилика да се доближи ако утре слави шрптов Брера која пак е една позиција подолу од Вардар со бод помалку.