И Сосиедад има забелешки на судењето: Ѓаволот носеше сино (ФОТО)

Покрај Атлетико Мадрид и Фенербахче, забелешки на судењето во европските купови оваа недела изнесе и Сосиедад кој вчера загуби од Манчестер Јунајтед со 1-4.

Главен судија на натпреварот беше Французинот, Беноа Бастиен кој досуди три пенали, а ќе имаше и четврти ако Доргу не призна дека не бил фаулиран во шеснаесетникот на Сосиедад.

„Ѓаволот носеше сино“, напиша Сосиедад на социјалните мрежи, притоа објавувајќи 17-минутно видео од натпреварот со снимки кои не можеа да се видат во директниот пренос од Олд Трафорд.

Јунајтед, сепак, ја помина оваа пречка и во четвртфиналето од Лигата Европа ќе се сретне со францускиот тим Лион.