Срамно: Навивач на Атлетико го плукнал Куртоа (ВИДЕО)

Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа бил мета на срамен напад од навивач на Атлетико по реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Атлетико на свој терен успеа да слави во регуларниот дел од 90, резултат кој не се промен и по дополнителните 30 минути. „Кралевите“ сепак беа подобри по изведувањето на пенали.

Навивачите на Атлетико очекувано беа незадоволни од таквото сценарио, па бесот го истуриле и на поранешниот чувар на мрежата на „јорганџиите“.

Куртоа во минатото беше и миленик на фановите на Атлетико, меѓутоа тоа се промени кога одлучи да потпише за лутиот градски ривал.