Атлетико не може да се помири со поразот: Судиите направија голема грешка!

Aтлетико Мадрид беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите по изведувањето на пенали, а по натпреварот најмногу се зборува за поништениот пенал на Хулијан Алварез.

Диего Симеоне уште по натпреварот веднаш порача дека не се согласува со одлуката на арбитрите тој пенал да биде поништен, сега и Атлетико како клуб јасно го кажа својот став.

„Знаеме дека грешката на ВАР никогаш нема да го промени конечниот резултат. Без оглед на тоа за колку јасна грешка се работи. Но, длабоко жалиме поради овој „инцидент“ и неговото влијаение. Ова растажи милиони навивачи и ги закопа напорите на екипата.

И покрај објаснувањето на УЕФА фрустрирани сме бидејќи сметаме дека:

- Топката не се помести јасно пред ударот во ниту еден од достапните агли

- ВАР би требало да интервенира само во случаи на јасни и очигледни грешки, а оваа одлука е донесена за само 45 секунди, според изјавите на клупските челници.

Атлетико не е клуб кој бара изговори. Одиме напред гледајќи на нашиот следен предизивк - неделниот натпревар со Барселона“, објави Атлетико.