
Дончиќ броеше до 45, ама Лејкерс не можат без Леброн (ВИДЕО)
Тимот од Калифорнија загуби на гостувањето кај Милвоки со 106-126 и тоа е трет пораз во низа со што падна дури на четвртата позиција во Западната конференција иако минатата недела беше лидер. Словенецот оствари личен рекорд откако е член на Лејкерс, постигнувајќи 45 поени, но тоа ни оддалеку не беше доволно за победа бидејќи на мечот воопшто немаше резултатска драматика.
Кризата на Лејкерс почна со повредата на Леброн кој нема да биде во тимот најмалку уште една недела, а во тој период, екипата ја чека исклучително тежок распоред затоа што вечерва му гостува на Денвер, а потоа на домашен терен ги пречекува Феникс, Сан Антонио, Денвер и Милвоки и сето тоа во период од шест дена.
Бакс со оваа победа ставија крај на серијата од три порази, а најдобар играч на натпреварот беше Јанис Адетокумпо со 24 поени, 12 скока и 9 асистенции.