Алкараз како брз воз преку Димитров - го среди со само два изгубени гема

Карлос Алкараз ја продолжува одбраната на титулата во Индијан Велс откако ноќеска го растури Григор Димитров од Бугарија со 2-0.

Шпанецот му дозволи само два гема на својот ривал (6-1, 6-1), а мечот траеше едвај 74 минути. Димитров беше во игра само во вториот сет, при резултат 1-1, а Алкараз во два наврата освои по пет гема во низа.

Во четвртфиналето, вториот носител ќе се сретне со Серундоло кој синоќа беше подобар од Де Минор и му направи услуга на Новак Ѓоковиќ. Од топ-10 тенисерите, во борба за трофејот е само уште Данил Медведев кој во четвртфиналето ќе се сретне со Филс од Франција.