Познати сите четвртфинални двојки во ЛШ, Реал пак го очекува тешка задача

По синоќешните осминафинални натпревари, познати се сите двојки за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Последен, пласман меѓу осумте најдобри обезбеди Реал кому му требаа пенали за да го елиминира Атлетико, но „кралевите“ и во следната фаза ќе имаат тешка задача. Противник ќе им биде Арсенал кој во осминафиналето оствари најубедлива победа, елиминирајќи го ПСВ Ајндховен со вкупен резултат 9-3 од кои 7-1 во првиот меч, во Холандија. Реал досега во нокаут фазата ги елиминира Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.

Второто дерби на оваа фаза ќе биде дуелот меѓу Баерн и Интер што е реприза на финалето од 2010 година кога победија „нераѕурите“ со 2-0. Барселона повторно ќе се сретне со Борусија Дортмунд која ја совлада во лигашкиот дел како гостин со 3-2, а пооследната двојка ја сочинуваат ПСЖ и Астон Вила.

Натпреварите од следната фаза во Лигата на шампионите се на програмата на 8/9 и 15/16 април.