
Градоначалникот на Манчестер: Јунајтед мора сам да го изгради стадионот
Јунајтед не објасни како планира да го финансисира проектот, односно се очекуваше помош од локалната власт, откако канцеларката Рејчел Ривс веќе даде поддршка за планот.
Клубот тврди дека проектот ќе отвори 92.000 нови работни места, а исто така ќе се изградат 17.000 домови и ќе се привлечат дополнителни 1,8 милиони посетители годишно. Проектот би донел и 8,5 милијарди евра на британската економија годишно.
Градоначалникот на Манчестер, Енди Бурнхам најпрво кажа дека проектот ќе биде помогнат со јавни пари, но потоа се премисли поради критиките од опозицијата и граѓаните на Манчестер, па за „Скај Спортс“ посочи дека „ѓаволите“ ќе треба сами да го градат стадионот.