
Центарска тепачка во НБА – му наби лакт во брада, па двајцата се патосираа (ВИДЕО)
По вербална расправија под кошот, двајцата кошаркари започнаа да се туркаат, а Пламли му го заби лактот под брадата на Адамс, што доведе до паѓање и клинч на паркетот. Ситуацијата брзо беше смирена од судиите и соиграчите.
Феникс со овој пораз уште повеќе се оддалечи од местата што водат во плејофот, со скор 30-36, додека десеттопласираниот Далас е на 33-34.