
Рома сака да ѝ го украде тренерот на екипата што е најголем хит во Серија А!
Во моментов функцијата привремен тренер ја извршува Клаудио Раниерои, кој по завршувањето на сезоната ќе премине на директорска позиција во клубот. Еден од неговите први задачи ќе биде изборот на нов стручњак кој ќе ја води екипата од сезоната 2025/26. Гасперини, кој на крајот на оваа сезона ја напушта Аталанта, која важи за најголем хит во Серија А, веќе потврди дека нема намера да го продолжи договорот со тимот од Бергамо. Според италијанскиот медиум „Тутоспорт“, Рома веќе воспоставила контакт со искусниот тренер, а преговорите се во напредна фаза.
Спортскиот директор на Рома, Флорент Гисолфи, веќе остварил средби со претставниците на Гасперини, при што биле дискутирани и потенцијални засилувања за летниот трансфер период. Клубот има намера да му обезбеди соодветни засилувања на новиот тренер за да остане конкурентен на сите натпреварувања.