Објавена снимка на која јасно се гледаат двата контакти со топката на Алварез (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако синоќа го елиминира Атлетико Мадрид по изведување пенали, по дуелот, одигран кој го загубија со 0-1 и кој предизвика бројни полемики, особено поради спорниот момент во пенал-серијата.

Во втората серија, фудбалерот на Атлетико, Хулиан Алварез, успешно реализираше пенал, но при шутот се лизна, а топката сепак заврши во мрежата. Судиите првично го признаа голот, но по интервенција на ВАР, главниот арбитер Симон Марчињак донесе одлука за поништување на пеналот. Причината за поништувањето беше фактот што Алварез двапати ја допре топката при изведбата, што според правилата не е дозволено.

Оваа одлука предизвика бурни реакции и контроверзи, но утринава се појавија неколку снимки на кои јасно се гледа прекршувањето на правилата од страна на фудбалерот на „јорганџиите“.