Куртоа му грмна на својот поранешен тренер: Ми се смачи од неговото плачење

Играчите и стручниот штаб на Атлетико имаа низа забелешки на исходот од синоќешниот меч против Реал, пред се насочени на одлуката да му се поништи голот од пенал на Хулијан Алварез.

Диего Симеоне жестоко реагираше, за тоа зборуваше и на прес-конференцијата по мечот, а одговорот го доби од својот поранешен голман Тибо Куртоа, сега член на Реал.

„Ми се смачи од неговото глумење жртва, секогаш плаче за вакви работи. Судиите не го туркаат Реал, ни во Шпанија, ни во Европа, сите јасно видоа што се случи. Судиите имаат технологија, можат добро да утврдат“, рече Куртоа.

Белгиецот беше член на Атлетико од 2011 до 2014 година, токму во периодот кога Симеоне дојде во Атлетик.