Реал останува кошмар за Атлетико: „Кралевите“ по пенали во четвртфинале! (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра исклучително лош натпревар, но сепак обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

По 120 минути игра, резултатот во дуелот со Атлетико Мадрид на Метрополитано беше 1-0, исто како пред осум дена на „Бернабе“, но по изведувањето пенали, бранителот на титулата сепак стигна меѓу осумте најдобри. Единствениот гол на мечот го постигна Галагер во 27. секунда, во 70. минута Винисиус промаши удар од белата точка, па победникот се решаваше на пенали.

 

 

Трагичари за Атлетико беа Хулијан Алварез и Маркос Љоренте со тоа што имаше еден контроверзен момент. При изведувањето на пеналот, Алварез се подлизна и погоди, но притоа два пати ја допрел топката и по прегледувањето во ВАР собата, неговиот гол беше поништен.

Во четвртата серија промаши и фудбалерот на Реал, Лукас Васкез, но веднаш по него Маркос Љоренте ја погоди пречката и му овозможи на Ридигер да го постигне голот вреден четвртфинале. Се чинеше дека Облак може да одбрани, но топката му пониза низа рацете.

Во четвртфиналето, Реал ќе се сретне со Арсенал кој со вкупен резултат 9-3 го елиминира ПСВ.