Литванија ја прегази Естонија, Хрватска ја доби Чешка

Во натпреварот од нашата група репрезентацијата на Литванија одигра уште еден квалитетен натпревар и лесно ја совлада Естонија со убедливи 20-30.

Литванија доминираше од самиот почеток на натпреварот и уште на полувремето најавија каде ќе одат од бодовите од оваа средба. По првите 30 минути литванските ракометари имаа седум голови предност (10-17).

Естонија не успеа сериозно да се доближи ниту во вториот дел, па така гостите сигурно ја одржуваа предноста.

На табелата сега Словенија и Литванија имаат по четири бода, ние сме со 2, а Естонија последна без бодови. Ќе потсетиме, Македонија својот натпревар го игра вечерва од 20:00 часот и тоа дом со Словенија.

Репрезентацијата на Хрватска која го освои второто место на последното Светско првенство денеска одигра одлично и против Чешка славејќи со 29-35 со што се искачи на првата позиција во групата.

На останатите средби во истиот термин Исланд ја совлада Грција со 25-34, а Унгарија ја совлада Црна Гора во неизвесен натпревар со 25-27.