
Фудбалска еуфорија пред дуелот со Велс - билетите се продаваат „како алва“!
Потврда дека македонските спортски вљубеници едвај чекаат да го проследат настапот на Елиф Елмас, Бојан Миовски и на останатите репрезентативци е брзината со која се продаваат билетите за пресметката против ривалот од Островот. Според информациите од ФФМ, на безмалку две недели пред натпреварот со Велс веќе се продадени 5.000 билети, нешто што досега се нема случено пред ниту еден меч на македонската селекција.
Ваквиот интерес најавува дека жолто-црвените ќе имаат огромна поддршка против Островјаните, натпревар во кој со евентуална победа и тоа како ќе си ги зголема шансите за освојување на едно од првите две места кои носат можност за евентуален настап на следниот Мундијал. Во нашата група се уште и репрезентациите на Белгија и на Казахстан.