
Гасперини: Ова е резултат кој тешко може и да се замисли, но одигравме - перфектно!
Аталанта заедно со Интер и Наполи е во борба за Скудетото, има само три бода негатива од врвот.
„Ова е фудбал. Јувентус имаше пет победи по ред пред овој меч. За многумина ова беше резултат кој не може ниту да се замисли, но одигравме перфектен натпревар“, вели Гасперини.
„Што се однесува до Скудетото, треба да продолжиме да сонуваме. Може да речеме дека е невозможно, но доколку верувате доволно, работите може да станат реалност. Знаеме дека Интер и Наполи се два одлични тима, но ќе се бориме до крај“.
Во наредното коло Аталанта го пречекува Интер во Бергамо.